Аудио sia-alive

24 септември, 2015

„Alive“ е новиот хит на Сиа

Иако го најавуваше за 25 септември, австралиската хит-мејкерка Сиа денеска го објави својот нов сингл насловен „Alive“, кој го напиша заедно со британската ѕвезда Адел. Интересно е тоа што песната била наменета да се најде на долгоочекуваниот трет студиски албум на Адел, но сепак одлуката паднала да го сними самата Сиа.

Сè уште нема информации дали овој сингл е најава за нов албум, кој би го наследил минатогодишниот „1000 Forms of Fear“, каде што се сместени и хитовите „Chandelier“, „Elastic Heart“, „Big Girls Cry“ и „Fire Meets Gasoline“, а како звучи „Alive“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑