Свет alicia.k

27 октомври, 2012

Алиша Киз со бонус сингл и порака за фановите

Во најновиот сингл „Unlock Yourself“(Отклучи се себеси) на американската пејачка, Алиша Киз им порачува на нејзините млади фанови да не се плашат да бидат свои, да бидат искрени со себе и да го истражуваат нивниот потенцијал. Синглот е издаден како бонус песна пред издавањето на нејзиниот петти студиски албум „Girl on Fire“, кој е закажан за 27ми ноември. Прекрасната нумера, заедно со уште една нејзина песна „Follow the Moon“, е дел од промоцијата на детската апликација „The Journals of Mama Mae and LeeLee“ позади која стои самата Алиша.

Со оваа песна Киз ги потсетува децата дека тие ја имаат моќта да станат тоа што сакаат и треба секогаш да ги следат нивните соништа. Нејзиниот интерес за детски алатки и производи се појави пред две години кога таа за прв пат стана мајка.

За овој сингл се појави видео во форма на текст, па во продолжение слушнете што Ви порачува Алиша.

 



Врати се горе ↑