Аудио ak-kl-ioa-sm2

31 март, 2014

Алиша Киз и Кендрик Ламар снимија песна за „The Amazing Spider-Man 2“

Американската пејачка Алиша Киз и колегата Кендрик Ламар снимија песна за второто продолжение на филмот „The Amazing Spider-Man 2“, а темата насловена „It’s On Again“ беше објавена денеска. Песната е продуцирана од страна на хитмејкерот Фарел Вилијамс и познатиот филмски композитор и музички продуцент Ханс Цимер.  Покрај официјалната, песната доби и малку помека верзија во која наместо гитара се слуша пијано, а двете верзии можете да ги слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑