Настани ak

8 ноември, 2014

Алиша Киз и „Ју ту“ на европските музички награди на „Ем-ти-ви“

Уште помалку од 24 часа нè делат од јубилејното 20-то доделување на европските музички награди на „Ем-ти-ви“, а утрешниот спектакл ќе биде збогатен и со настапите на Алиша Киз и „Ју ту“. Гордата добитничка на дури 15 Греми награди, пејачка, текстописец и продуцент, Алиша Киз ќе има специјален настап за фановите во арена „О2 академи“ во Глазгов, а легендарниот ирски бенд годинава ќе го има својот четврт настап на сцената на европските музички награди.

Премногу сум возбудена што ќе настапам на сцената на европските музички награди со толку неверојатен уметник како што е Паоло Нутини и бидејќи мојата песна е номинирана за ’Најдобра песна со порака’. ’We Are Here’ е движењето за мир на XIX век, кое верува дека ако се собереме сите заедно и во еден глас, МОЖЕМЕ да создадеме поубав свет за сите“, изјавила познатата пејачка.

 

Преносот од црвениот тепих на јубилејното 20-то доделување на европските музички награди на „Ем-ти-ви“ ќе започе во 20.00 часот, додека церемонијата ќе можете да ја проследите од 21.00 часот на регионалниот канал на „Ем-ти-ви“.

На утрешниот спектакл ќе видиме бројни познати личности, а меѓу презентерите се и диџејот и продуцент Афроџек, актерот Дејвид Хаселхоф, супермоделот Џоурдан Дан, Ред Фу и легендарниот гитарист Слеш. Како што е веќе познато, водителка на манифестацијата ќе биде хип-хоп ѕвездата Ники Минаж, а покрај горенајавените Алиша Киз и „Ју ту“, ќе настапат и Енрике Иглесијас, Келвин Харис, Чарли Екс-си-екс, Кајза, „Ројал блад“, Аријана Гранде и Ед Ширан.

Наградата „Глобална икона“ ќе оди во рацете на рок легендата Ози Озборн, а според бројот на номинации води Кејти Пери, која ќе се бори во седум категории. Веднаш позади неа е Аријана Гранде со 6 номинации, Фарел Вилијамс и „5 секндс оф самр“ имаат по 5, а „Уан дајрекшн“, Ники Минаж, Иги Азалија, Еминем, Сем Смит и Кајза имаат по четири номинации.

Гласањето завршува вечерва (8 ноември) на полноќ, па доколку не сте имале можност да гласате, тоа можете да го направите во следните неколку часа на mtvema.com.



Врати се горе ↑