Свет ac

25 март, 2016

Алесја Кара го претставува деби-албумот „Know-It-All“

Алесја Кара и се претстави на публиката прво со синглот „Here“, а сега и со дебитантското студиско издание „Know-It-All“. Нејзиниот прв сингл „Here“, кој се најде на минатогодишното ЕП издание „Four Pink Wall“, доби и свој видео запис, кој на Јутјуб бележи над 80 милиони прегледи, а песната ја доби и наградата Стими (Steamy) за најдобра оригинална песна за 2015 година. Продукцијата на нејзиното ЕП издание ја направи дуото „Поп енд оук“ (Pop&Oak), кое работело и со ѕвезди како што се Ники Минаж, Аријана Гранде, Ријана…

Во освојувањето на публиката и медиумите, освен талентот, Алесја може да и се заблагодари и на Тејлор Свифт, која беше воодушевена од ремиксот на хитот „Bad Blood“, премиерно изведен на Би-би-си Радио 1. Можеби токму тоа е причината зошто Тејлор ја покани Алесија да настапи како специјална гостинка на нејзината турнеја и заедно со неа да ја отпее „Here“.

cara3

Алесја Карачоло (Alessia Caracciolo), по потекло од Онтарио, во детството пишувала поезија и се занимавала со глума, а на 10-годишна возраст почнала да свири гитара. Набрзо потоа го отвори својот канал на Јутјуб, на кој објавуваше преработки на песни, а сега зад себе има и свои обожаватели што објавуваат преработки на нејзините песни, меѓу кои и нашиот Боби Андонов.



Врати се горе ↑