19 декември, 2012

Ален Исламовиќ сними спот за „Хероин“

Поранешниот член на легендарните групи Дивље Јагоде и Бјело Дугме, Ален Исламовиќ деновиве го промовираше видео записот за неговата нова песна „Хероин“. Не станува збор за дрога, туку за оној вид на „љубовно труење“, односно љубовта е единственото нешто на кое треба да бидеме „навлечени“. Видео записот е во режија на Ирнес Чавкиќ.

 



Врати се горе ↑