Концерт alen hasanovic

2 март, 2015

Ален Хасановиќ специјален гостин на концертот на Шабан Шаулиќ во Скопје

Ален Хасановиќ, харизматичното момче кое со својата одлична интерпретација на хитот „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ го воодушеви шестчленото жири на „Ѕвездите на Гранд“ и ги крена на нозе Саша Поповиќ и Лепа Брена кои го наградија со аплауз, на 14 март во арената „Борис Трајковски“ ќе го отвори спектакуларниот концерт на Шабан Шаулиќ.

„Огромна чест и задоволство ми е што добив покана од организаторот ’Балкан медија’ да го отворам големиот концерт на Шабан Шаулиќ, Саша Матиќ и Ана Бекута во Скопје. Овие пејачи се едноставно легенди, луѓе кои зад себе ги имаат најголемите кариери. Ќе дадам сè од себе за да го збогатам и разубавам концертот, а се надевам дека публиката ќе ужива во мојот настап“, вели Ален.

22-годишниот Хасановиќ заедно со својот бенд ќе настапи како предгрупа на целовечерниот концерт во организација на „Балкан медија“ и ќе биде вистинско загревање за она што ќе им се случува на скопјани на 14 март во арената „Борис Трајковски“.

Во меѓувреме, единствениот македонски фаворит за победа, кој руши рекорди на гледаност во регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, активно се подготвува за третиот круг, каде конечно гледачите ќе имаат можност да слушнат македонска песна во негова изведба.

 



Врати се горе ↑