Македонија alen hasanovic studio

27 април, 2015

Ален Хасановиќ сними нова авторска песна

Харизматичното момче кое со својот глас го освои регионот, во екот на својата популарност вредно работи на својата нова песна која би требало да се промовира со видеозапис некаде околу средината на месец мај. Во студиото „Ер“ во Прилеп,  ја сними својата нова песна, чиј комплетен автор е токму тој. Новата песна е оригинално снимена на српски јазик и го носи насловот „Продала си љубав“, но во текот на летото ќе добие и своја македонска верзија.

Новата песна својата промоција ќе ја има наредниот месец заедно со видео запис во режија на „Зати продукција“ од Охрид, со која пејачот подолго време соработува.

Како потсетување, Ален Хасановиќ својата прва авторска песна ја промовираше минатото лето (15 јули 2014) во кафулето „Скопје кафе“ кое се наоѓа на Плоштад Македонија во Скопје.

„Кога сфатив“ (српска верзија овде)

Инаку, минатиот викенд се емитуваше првата емисија од четвртиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, а Ален со својата уникатна изведба на македонскиот хит „Кога тргнав Цвето“ си обезбеди билет за следниот круг.

 



Врати се горе ↑