20 јануари, 2016

Ален Хасановиќ објави видео запис за темата „Продала си љубав“‏

Пред само 48 часа новата македонска ѕвезда, Ален Хасановиќ на јавноста ѝ ја подари својата нова авторска песна која претставува емотивна балада во која многумина со сигурност ќе се препознаат, а истата веќе остварува одлична гледаност на Јутјуб и се најде како предлог за сите топ листи во регионот. Имено, Хасановиќ заедно со својата матична продукција „Гранд“ на јавноста ѝ ја претстави својата најнова песна која го носи насловот „Продала си љубав“, а како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува самиот Ален. Видео записот е снимен на неколку атрактивни локации во Охрид под режисерската палка на „Зати продукција“.

Третата студиска песна на Ален претставува емотивна балада испеана со многу емоции во негов стил. „Продала си љубав“ раскажува болна приказна во која Хасановиќ е заљубен и прави големи планови за заеднички живот со неговата девојка, но дознава дека всушност нејзината љубов е лажна. Девојката во видеото ја „продава“ својата младост и чест за пари и бисери, се мажи за повозрасен човек кој не го сака, а Ален со солзи во очите вели дека еден ден таа ќе ја сфати неговата болка.

Ексклузивната дигитална промоција на новата песна заедно со видеозаписот се случи во ист ден на територијата на цела поранешна Југославија преку каналите на неговата матична продукција „Гранд“. Македонската верзија на оваа песна се очекува да биде објавена пред почетокот на летото.

 



Врати се горе ↑