Видео alen hasanovic i lepa brena 2

6 јули, 2015

Ален Хасановиќ настапи во дует со Лепа Брена

Потенцијалниот победник во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ во вчерашната специјална емисија отпеа дует со Лепа Брена. Имено, во неделата (5 јули) се емитуваше специјална емисија во која натпреварувачите од „Ѕвездите на Гранд“ пееја во дует со најголемите балкански ѕвезди, а нашиот Ален Хасановиќ ја имаше честа да настапи во дует со единствената Лепа Брена.

Хасановиќ, кој ќе настапи на годинешниот „Пиво фест во Прилеп, во дует со Лепа Брена ја отпеа „Један дан живота“, а потоа во придружба на Ана Бекута ја изведе „Треба времена“. На 12 јули во арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи големото суперфинале на „Ѕвездите на Гранд“.



Врати се горе ↑