Македонија alen hasanovic snimanje hajde lomi (2)

17 септември, 2015

Ален Хасановиќ ја сними првата песна за продукцијата „Гранд“

Во пресрет на снимањата за новата сезона, продукцијата „Гранд“ го одржа ветувањето и започна со работа на новата песна на нашиот Ален Хасановиќ, харизматичното момче од Прилеп кое успеа го воодушеви целиот регион со својот талент за пеење. Имено, откако добро се одмори и уживаше во луксузен одмор кај јужниот сосед, нашиот популарен пејач Ален Хасановиќ замина во Белград каде што во студиото на неговата матична продукција „Гранд“ ја снима новата песна која ќе го носи насловот „Хајде ломи“. Зад песната како автори се потпишуваат хитмејкерите Драгиша Баша (музика и текст) и Дејан Абадиќ (аранжман).

Авторите кои се потпишуваат на новата песна на Ален Хасановиќ се автори на најголемите хитови на Саша Матиќ, Тања Савиќ, Немања Стевановиќ, Сека Алексиќ, Ацо Пејовиќ, Рада Манојловиќ, Милица Тодоровиќ и многу други. Неофицијално, сумата која продукцијата ќе им ја исплати на авторите за изработка на песната изнесува околу 8.000 евра, а за неа планиран е и видео запис.

Како потсетување, пред нешто повеќе од година дена, Ален Хасановиќ во центарот на Скопје ја промовираше својата прва авторска песна на македонски и српски јазик со видеозапис во режија на „Зати продукција“. „Хајде ломи“ е негова втора песна, а прва која ја издава за продукцијата „Гранд“. За промоцијата на песната комплетно ќе се погрижи неговиот нов менаџер, Саша Поповиќ, а термините за интервјуа и гостувања во најгледаните телевизиски проекти во регионот се веќе закажани.

 



Врати се горе ↑