26 јули, 2017

Ален Хасановиќ има нов летен хит

Популарниот македонски пејач и ексклузивец на продукцијата „Гранд“, Ален Хасановиќ вчеравечер им подготви вистинско изненадување на своите фанови со објавување на летен хит насловен „Волим те“.

Новата песна е во брз и модерен ритам кој ќе ве освои уште при првото слушање. Зад песната како автори се потпишуваат Ален Хасановиќ (музика), Огнен Неделковски (текст) и Дејан Момироски (аранжман). Придружните вокали ги пеат Ана Костадиновска и Сара Николовска.

alen i simona - novo video

Видео приказната за темата се снимаше неколку дена на атрактивни локации во македонскиот бисер – Охрид, а во главната улога се појавува нашата мега популарна манекенка и тв водителка, Симона Станковска. Покрај неа, во спотот се појавуваат и две црномурести девојки и момче кои одлично се надополнува на целата приказна. Спотот е во продукција на „Зати“, а го објавуваат „АХ Медија“ и „Гранд“, кои ги имаат сите авторски права за него.

Корисниците на Тотал ТВ во регионот имаа ексклузивна можност први да го погледнат видео записот, а од денеска тој е достапен на сите музички тв канали и радио станици.

alen hasanovic volim te



Врати се горе ↑