Македонија

21 септември, 2016

Ален Хасановиќ им приреди фантастична вечер на своите обожаватели

Повеќе од 20.000 луѓе го следеа директното вклучување на полноќ

Популарниот македонски пејач Ален Хасановиќ вчеравечер им подготви вистинско изненадување на своите обожаватели со вклучување во живо преку својот официјален профил на Фејсбук. Имено, сношти (20 септември) на само некоја минута по полноќ, Ален ги извести своите фанови дека во наредните два часа ќе имаат можност да му поставуваат прашања, но и да нарачуваат песни кои тој ќе им ги отпее во живо и ќе го прочита нивниот коментар.

Според статистиката достапна на Фејсбук, само во првите десетина минути се приклучиле повеќе од 10.000 корисници кои активно го следеле неговиот директен пренос. Ален помош при изведувањето на ова изненадување имаше од својот помал брат, Армин Хасановиќ, кој го придружуваше во текот на целото вклучување, но и од менаџментот на неговата матична продукција, која го емитуваше вклучувањето на својот телевизиски канал „Гранд ТВ“, достапен преку повеќето кабелски оператори и во нашата земја.

alen-hasanovic

Од македонски, српски, ромски, па сè до англиски мегахитови, Ален Хасановиќ ја забавуваше својата публика и најави дека во наредниот период ќе промовира нешто ново на кое веќе некој период работи активно со продукцијата „Гранд“.

„За Ален Хасановиќ секогаш се бара билет повеќе. Преполните дискотеки и гледаноста на Јутјуб се само еден показател за неговата успешна кариера која од ден во ден се зголемува. Во наредниот период ќе ја промовираме новата песна на Ален, за која веруваме дека ќе биде одлично прифатена од публиката, исто како и сите претходни негови песни“, коментираат од неговата матична продукција.

alen-hasanovic-b

Покрај новата песна на Ален Хасановиќ, српската продукција „Гранд“ подготвува уште едно изненадување за македонските гледачи кои го следат музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Неофицијално, станува збор за Ристе Ристески, кој во моментов има ексклузивен ангажман во Швајцарија.



Врати се горе ↑