30 септември, 2014

Александра Михова со комплетен музички пакет за „Ништо не остана“

Девојката чиј талент и специфичен вокал беше забележан на музичкото шоу за избор на таланти „Идол“, кавадарчанката Александра Михова, изминато лето комплетно се посвети на музичките идеи и нивната реализација. Покрај континуираните вечерни настапи по кои веќе е препознатлива, Михова за сите нејзини обожаватели и оние што допрва ќе ги освои со својот музички талент, ја објавува својата најнова балада насловена „Ништо не остана“, која ја каракреризира урбан и модерен ритам.

Прокрај аудио верзијата, за песната е спакуван и одличен видео запис кој ја следи приказната од нумерата, а е во режија на Илија Тодоровски и „Sky Eye Enterteiment“. Инаку, зад комплетната композиција се потпишува авторот Столе Аврамов, а освен промовирањето на новата песна и спот, Александра ќе ја видиме и на големата сцена од „Скопски фестивал“, со нумерата „Срце чува спомени“, со што воедно ќе биде и потенцијален претставик на Македонија за Евровизија, која следната година ќе се одржи во Виена, Австрија.



Врати се горе ↑