10 април, 2014

Александра Ковач со видео запис најави претстава во Њујорк

Познатата српска музичарка Александра Ковач вчера го претстави видео записот за темата I Believe“ воедно најавувајќи ја претставата „Jackie and Marilyn“ во режија на Сања Бестиќ и по текст на Шери Гроберт, чија премиера е закажана за 18 април во Њујорк, на оф програмата на Бродвеј. Композицијата која е во ретро стил е авторско дело на самата Ковач, додека продукцијата е на Роман Горшек, а видео записот е во режија на Немања Новаковиќ. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Музичарката која целиот свој живот ѝ го посвети на музиката, своевремено и како дел од дуото К2 во која членуваше заедно нејзината сестра Кристина Ковач, и понатаму се надградува во областа на музиката студирајќи на колеџот за уметности во Единбург, Велика Британија, на отсекот за компионирање на музика за филм, а  неодамна работеше на музиката за неколку кратки анимирани филмови во рамките на проектот „10 филмови во 10 дена 2014“.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑