28 јуни, 2016

Александра Ковач се врти во круг

Српската пејачка и композиторка Александра Ковач го претстави својот нов сингл насловен „Вртиш ме у круг“, кој стигна заедно со шарен видео запис со живописни бои, карактеристични за нејзиниот стил. Познатата црвенокоса се потпишува како комплетен автор на песната и видео записот, а во аранжманот и продукцијата ѝ помогна долгогодишниот партнер и соработник Роман Горшек.

Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑