Балкан 963351b9b3de5024590735ad496bd8c7

24 април, 2015

Александра Ковач: „Најмладите кандидати се најдобри!“

По завршувањето на делот со аудициите, единствената дама во жирито, Александра Ковач ги сподели своите впечатоци за досегашниот тек на настаните во втората сезона на „Х фактор“. Во интервјуто објавено на официјалната веб страна на „Х фактор Адрија“, познатата пејачка откри што мисли за натпреварувачите и во која категорија би го нашле победникот.

Оваа недела завршија аудициите. Какви се Вашите впечатоци за квалитетот на кандидатите годинава?

Воодушевена сум од талентите што ги слушнавме од целиот регион и мило ми е што ќе имам можност да им помогнам на некои нови талентирани луѓе да се претстават пред јавноста и да ги направат своите први чекори на регионалната музичка сцена.

Што Ви остави најголем впечаток во оваа фаза од натпреварот?

Според мене, најмладите кандидати се најдобри, бидејќи поседуваат музикалност и талент кој не може да се научи, а притоа поседуваат и неверојатен ентузијазам и позитивна енергија и подготвени се да работат и напредуваат. Тие се иднината на музичката сцена во регионот и мора да им се даде шанса, бидејќи носат нови и свежи идеи кои сигурно ќе ја размрдаат малку „заспаната“ регионална поп сцена.

Жирито во гласањето најчесто беше едногласно; мислите ли дека тоа ќе создаде дополнителен притисок во текот на натпреварот?

На сите ни е важен квалитетот, но се разликуваме како личности и како музичари. Се занимавам со музика која стилски се разликува од она што го творат останатите членови на жирито, но тоа не ме спречува да поддржам кандидат којшто ќе отпее етно, медитерански поп или рок песна, бидејќи поентата е нашата регионална сцена да изобилува со сите стилови и квалитетни изведувачи.

Колку е важен изборот на песна на кандадите, мислите ли дека некој кој бил одличен на аудициите, може да нè разочара во регрутниот камп? 

Изборот на песна е многу важен и верувам дека продукцијата ќе им помогне на сите изведувачи да пронајдат песна која потполно ќе им одговара, во која ќе се чувствуваат сигурно, на свој терен и која стилски ќе одговара на секој кандидат. Ќе видиме и чуеме уште одлични вокали, но верувам дека нема да има големи разочарувања, бидејќи добрите пејачи секоја песна ќе си ја прилагодат на себе.

Следната фаза од натпреварот е регрутниот камп, а продукцијата го најавува новото правило – предизвикот на 6 столчиња. Што можат гледачите да очекуваат во оваа фаза? Ќе има ли изненадувања?

Ќе има многу изненадувања и верувам дека публиката ќе седи на работ на столчињата и ќе ги гризи ноктите!

Во регрутниот камп динамиката на натпреварот се менува: судиите им стануваат ментори на кандидатите. Која категорија би сакале да ја добиете?

Се надевам дека ќе работам со младите пејачи, без оглед дали се машки или женски, бидејќи мислам дека во таа група го имаме победникот!

 



Врати се горе ↑