Балкан ak-mt

6 февруари, 2016

Александра Ковач и Марко Тоља со дует за Денот на вљубените

„Љубaв“ е насловот на новата дуетска песна на српската кант-авторка Александра Ковач и хрватскиот пејач Марко Тоља, која што ќе биде претставена на 14 февруари, односно Денот на вљубените. Романтичната песна, која ја напиша и оркестрираше самата Александра, воедно е и прв сингл од нејзиниот нов албум каде што ќе бидат сместени најубавите песни кои во текот на последните петнаесет години ги напишала за најголемите музички ѕвезди до регионот, но овој пат во нејзина изведба.

Звукот што ќе доминира на овој албум ја продолжува традицијата на богати оркестарски аранжмани, какви што имавме можност да слушнеме во нејзините песни „Идемо даље“, „Једна жена“ и „У шаци ме имаш“.

 

„Веќе долго време сакав да снимам дует со пејач од нашите простори. Кога го слушнав Марко во живо на фестивалот ’РетрОпатија’, каде што заедно настапувавме минатата година, знаев дека станува збор за пејач којшто ми одговара на мојот сензибилитет и кој со својот впечатлив глас може да ги пренесе сите емоции. Интересно е тоа што вокалите ги снимавме во студиото ’МПА’ во Загреб, каде што инаку редовно ги одржува своите вокални семинари ’Пејте со Алесандра’. Особено ми е мило и ми значи што за оваа песна успеав да соберам некои од најталентираните класични музичари, како што се флејтистката Ана Танасијевиќ, виолинистките Миљана Поповиќ Матерни и Јелена Драгниќ, како и виолинистот Љубомир Милановиќ. За звукот и музичката продукција, како и досега, беше задолжен еден од нашите најдобри музички продуценти, Роман Горшек“, откри Александра за српски Ем-ти-ви.

Видео записот за песната „Љубав“, во продукција на видео куќата „РАпродукција“, со врвната фотографија и богатата сценографија изобилува со одлична енергија што се роди меѓу Марко и Александра, кои со многу насмевки, шарм и искрени симпатии ја доловуваат приказната за најголемата љубов што се случува само еднаш во животот. Особено е возбудлива романтичната сцена каде што музичарите танцуваат, која нè враќа во времето на старите филмови, скриени погледи и по некој допир.

„Бескрајно сум среќен што можам да бидам дел од толку убава песна и приказна. Подолго време ја следам работата на Александра и без мошне изненаден и горд кога ме покани да ја отпеам оваа песна со неа. Одлично е чувството кога сосема спонтано ќе налеташ на некој кој има ист музички сензибилитет и исти погледи на уметноста како тебе. По тоа прашање Александра и јас сме потполно на иста бранова должина и сме совршен пример дека во музиката не постојат ни граници, ни години, ниту зададени норми што ни ги налагаат трендовите“, додал Марко.

Видео записот за „Љубав“ премиерно ќе биде објавен на официјалниот канал на Јутјуб на „РАпродукција“, на 14 февуари, точно напладне. Доколку не сте имале можност да слушнете нешто од Тоља, во продолжение уживајте со неговиот последен сингл „За сречу друго име“.

Извор: mtv.rs / фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑