Аудио

22 декември, 2017

Александра Јанева со преработка на хитот „Perfect“

Александра Јанева и „2BE“ го преработија светскиот хит Perfect на Ед Ширан. Новото аудио и видео на поп-пејачката е музичка празнична честитка за нејзините фанови. Александра и нејзиниот бенд „2BE“, освен со видео ќе ја заокружат годината со многу новогодишно-божиќни настапи низ Македонија.

Инаку, ова е и првата македонска преработка на популарната балада која ги освои врвовите на сите светски музички топ-листи. Освен „совршениот дует“ со Бијонсе, британската ѕвезда неодамна објави симфониска верзија со легендарниот тенор Андреа Бочели, а како звучи оваа песна во изведба на Александра и нејзиниот бенд, а во аранжман на талентираниот Тино Стојановски од бендот „2ВЕ“, можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑