17 ноември, 2017

Александра Јанева со целосна трансформација за новиот сингл „Бам бам“

Поп-пејачката Александра Јанева, препознатлива по својот моќен вокал и фестивалски евергрин рефрени, направи целосна трансформација за новата песна „Бам бам“, снимена во соработка со авторското дуо Марко Маринковиќ-Слаткаристика (музика и текст) и Иван Јованов (аранжман).

Направивме фраерски проект“, искоментира пејачката на својот профил на Фејсбук за првата соработка со докажаните автори.

Image94

Ова е трет сингл за струмичанката во 2017, по пауза од шест месеци од преработката на Зошто баш ти. Очигледно добро ја искористила паузата за на публиката да ѝ покаже уште еден свој талент – танцувањето. Во урбаното видео таа е разиграна во друштво на Деа Антевска, Панче Димов и Бане Тодоровски од танцовите студија „Уан уеј“ (One Wayи „Брејк а лег“ (Break a leg).

Видеото за нејзиниот нов сингл „Бам бам“ имаше онлајн промоција на бугарско-германскиот канал „Фејсинг д сан“ (Facing the sun) на Јутјуб, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑