Видео

7 август, 2018

Александра Јанева како Алиша Киз во најновата преработка од проектот #SummerJam

Струмичанката Александра Јанева неодамна го започна својот летен музички проект наречен #SummerJam, во чии рамки вети дека на секои две недели ќе објавува по една преработка на познат хит. Првите две видеа беа посветени на македонските хитови на Лоба и Лозано („Херој“ и „Километри“), а сега на ред дојдоа светски познатите ѕвезди Џејмс Беј и Алиша Киз со нивниот одличен дует „Us“.

„Омилени предизвици ми се преработки на светски хитови отпеани од толку инспиративни артисти како Џејмс Беј и Алиша Киз. А кога Љупче е совршениот Џејмс Беј, нема поголемо задоволство од тоа да ја играм улогата на Алиша Киз“, напиша Јанева претставувајќи ја новата преработка, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑