Видео

9 септември, 2018

Александра Јанева го заокружи летниот проект со макфестовски хит

Освен со хитот „Ќе се вратам некој ден“ и заедничката „Еуфорија“ со колешката Наташа Малинкова, Александра Јанева летово нè почести и со неколку преработки на познати македонски и странски песни, сето тоа спакувано во проектот наречен #SummerJam. Бидејќи и летото е веќе при крај, пејачката одлучи да го заокружи овој проект со еден од најголемите хитови што произлегоа од „Макфест“, фестивал на кој Јанева триумфираше двапати.

Последната преработка од нашиот #summerjam проект е за хитовите кои ги дава најголемиот фестивал во Македонија. „Ако ме сакаш“ беше апсолутниот хит од Макфест 2017. Уживајте. <3 #акомесакаш

Gepostet von Aleksandra Janeva am Freitag, 7. September 2018

Станува збор за баладата „Ако ме сакаш“, која на минатогодишниот „Макфест“ ја изведе една од најнадежните млади музички ѕвезди во земјава и регионот – талентираната Лина Пејовска, а на која стои потписот на веќе докажаните Дарко Димитров и Елена Ристеска. Секако дека струмичанката му даде свој печат на овој макфестовски хит, во придружба само на гитарата на Тино Стојановски, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑