Аудио 1912416_723982247635809_1907457378_n

11 декември, 2014

Александар Тарабунов започна да компонира народна музика

Иако е познат како еден од најдобрите машки вокали во македонската забавна музика, Александар Тарабунов заплови и во водите на народната музика, но во улога на композитор. Имено, пејачот започна да компонира народна музика, а неговиот татко, Ванчо Тарабунов, се потпишува како автор на текстовите: „Досега направивме пет народни песни. Некои од нив допрва ќе излезат во етерот испеани од некои наши веќе добро познати народни пејачи“, изјави Тара за „Вистина.мк“.

Една од песните кои ги компонираше е „Дајте ни вино“ на Ѓоко Јовиќ, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑