Македонија

12 август, 2018

Александар Тарабунов: „Публиката ме полни со енергија!“

Александар Тарабунов периодов работи турбо! Пејачот кој сè уште е актуелен со темата „Луд сум по тебе“, чие видео го промовираше пред неколку меесеци, вели дека секој викенд му е букиран со настапи, а тоа е причина плус за да биде исполнет и среќен, затоа што публиката е таа која му дава енергија и го полни со позитива.

„Заедно со мојот бенд цело лето настапуваме ширум земјава и тоа многу ме радува. Публиката супер реагира на репертоарот, во еден здив ги пеат песните со мене, сите се насмеани, а тоа ми е најважно“, откри Тарабунов, кој слободните деновиве меѓу настапите ги минува во Охрид каде ужива во добро друштво и одмора покрај езерото.

„Време за класичен одмор од десет дена баш и немам, но затоа меѓу настапите одморам во Охрид кој ми е еден од поомилените градови и каде се чувствувам како дома“, додаде Александар.



Врати се горе ↑