18 април, 2013

Александар Тарабунов ја претстави неговата „Навика“

Како што најави минатиот месец, Александар Тарабунов вчера во емисијата „Бекстејџ“ премиерно ја претстави неговата нова песна „Моја навика“, која пристигна заедно со видео запис. Автор на музиката на оваа прекрасна балада е самиот Тарабунов, текстот го потпишува Ксенија Николова, аранжманот е на Дамјан Лазаров, како придружен вокал се јавува Андријана Јаневска, а продукцијата е на Дарко Илиевски.

Снимањето се одвиваше во Македонската опера и балет, а главната улога покрај Тара ја игра Сара Атанасовска. За видеото беа задолжени Урсула Хорнер (Австрија), Адриан Мани (Данска) и Гоце Цветановски. По оваа балада ќе следи уште еден сингл, а Тара вредно работи и на подготовката на неговиот деби албум, кој се надеваме ќе излезе во текот на годинава.



Врати се горе ↑