Македонија Aleksandar Tarabunov

9 март, 2013

Александар Тарабунов има нова „Навика“

„Уште не знам како да се збогувам од тебе, а и веќе сама гледаш дојде крај. Дај бар една причина да останеш со мене, кажи како да ти простам пак? Ти си моја навика, како лоша магија, имаш безброј лица ти што си ги менуваш, ти си моја навика, како порок опасна, сега сфаќам дека ти не си ми судена…“  се стиховите од новата песна на Александар Тарабунов – Тара насловена Навика“. Музиката за неа ја направи самиот, аранжманот е на Дамјан Лазаров, додека пак како текстописец се потпишува младата Ксенија Николовска.

Песната ќе можеме да ја чуеме наскоро, за околу две недели. „Станува збор за една преубава балада, која е направена со многу емоции и страст“ – открил Тара за весникот „Вечер“, додавајќи дека наскоро ќе се снима и видео запис за неа.

Инспирацијата за „Навика“, како што вели Тара, дошла спонтано, а самата приказна во песната лично тој ќе се обиде да ја раскаже преку видео записот кој го најавува како вистинско ремек-дело. „После ова ќе снимам уште еден сингл, а наскоро се надевам ќе го завршам и албумот“ вели Тара, кој на прашањето што навистина е негова навика, одговара: „Моја навика е музиката. Без неа ниту можам, ниту сакам да живеам.“

Додека ја очекуваме новата „Навика“, да се потсетиме на неговата „Приказна без крај“.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑