Македонија 1912416_723982247635809_1907457378_n

18 јануари, 2016

Александар Тарабунов го подготвува својот прв албум

По настапот на Василичарскиот концерт, каде ги отпеа песните „Моја гитара“ и „Еден бакнеж“, за кои доби голем аплауз, Александар Тарабунов се врати на обврските околу албумот. Тој вели дека оваа година ќе биде посветен исклучиво на кариерата и дека конечно можеме да го очекуваме неговото првенче.

„Подготвувам нова песна и спот. За првпат ќе снимам моја кантавторска песна, бидејќи досега пишував само музика, а сега за првпат направив и текст. Песната се вика ’Дал има’, веќе е примена на конкурсот на субвенционирани песни. За неа ќе се снима и спот, кој ќе го изработи ’Горила продукција’, со режисерот Владимир Дади Ивановски. Во моите музички планови за годинава влегува и издавањето на мојот деби албум. Кога точно ќе биде промовиран не знам, ама веќе е испланирано на него да има 20 песни“, изјави Александар.

Пејачот во 2009 година се прослави со учеството и освоеното 5. место во третата сезона на бугарскиот „Идол“, по што следеа бројни хитови и настапи на фестивали, а како изгледаше неговата аудиција потсетете се во продолжение.

 



Врати се горе ↑