Видео

12 март, 2018

Александар Рибак се враќа на евровизиската сцена со „That’s How You Write A Song“

Победникот на „Евровизија“ од 2009 година, норвешкиот претставник Александар Рибак повторно се враќа на евровизиската сцена, овој пат со темата насловена „That’s How You Write A Song“. За разлика од победничката „Fairytale“, новата песна е со диско и фанк-призвук, а 31-годишниот пејач и виолинист со белоруско потекло го освои билетот за Лисабон натпреварувајќи се на националниот избор во Норвешка.

Имено, откако победи на фестивалот во 2009, Рибак во 2012 и во 2016 година учествуваше во ревијалниот дел на манифестациите, а минатата година објави и неофицијална англиска верзија на победничката „Amar Pelos Dois“ од Салвадор Собрал. Се чини дека токму тоа придонело да му се обнови евровизиската возбуда и желба повторно да си ја проба среќата на фестивалот, а како што пишуваат бројни европски медиуми, веќе се заканува да биде вториот Џони Логан, кој е единствениот изведувач што двапати победил на „Евровизија“ (1980 и 1987).

Освен што ќе ја изведе во рамките на втората полуфинална вечер на 10 мај, Рибак се потпишува и како автор на „That’s How You Write A Song“, а дали има шанса за втора победа на „Евровизија“, слушнете ја песната во продолжение и пресудете сами. Уживајте!

 

Обновено: Еве го и официјалното видео!



Врати се горе ↑