Македонија 1 (2)

9 февруари, 2016

Александар Белов со својата сакана ја испробаа волшебната љубовна машина

Александар Белов и Јелена беа меѓу првите кои го испробаа изненадувањето на „Скопје сити мол“ за сите вљубени, магичната љубовна машина. Белов и Јелена и денес високо котираат со освоените поени и се потенцијални финалисти.

Играта се состои во тоа што партнерите се натпреваруваат колку добро се познаваат помеѓу себе. Од 500 производи им се предложуваат 30 производи (според пол), од кои едниот од партнерите ќе треба да одбере 10, а другиот партнер ќе треба да погоди кои 10 производи ги одбрал неговиот сакан, и обратно. Една сесија е временски ограничена на 30 секунди. Топ 5 паровите што ќе имаат најмногу поени (погодени производи), се квалификуваат во големото финале. Проверете колку се познавате со вашиот партнер со помош на љубовната машина во „Скопје сити мол“.

За најдобриот пар следуваат два таблети Samsung Galaxy Tab 2, за второ пласираните бисерен ѓердан и манжетни, а за трето пласираните следуваат најновите парфеми од светски познатиот дизајнер Карл Лагерфелд.

Играта трае до 14 февруари.

 



Врати се горе ↑