Македонија photo

26 март, 2013

Александар Белов го разигра Пинк Пантер

Впечатливиот лик од цртаниот филм Пинк Пантер, кој го одбележа детството на многу генерации во светот, минатата недела беше оживеан пред македонската јавност на еден поинаков начин. Александар Белов, единствениот македонски пејач кој учествува во шоуто Танц со Ѕвездите, заедно со неговата партнерка Марина Овезовска, преку интересна танцова приказна го разиграа розевиот пантер.

„Многу беше забавно да се игра слоу-фокс на саундтракот од Пинк Пантер. Целосната приказна која ја замисливме со Марина, беше исполнета не само со танц туку и со глума, а беше комплетирана  со уникатните костими и маски кои ги носевме со цел да го доловиме Пинк Пантер моментот. Максимално се вложивме во оваа кореографија и се надевам дека ѝ се допаднавме на публиката“ – изјавува Белов.

Иако никогаш не се занимавал со танц, сепак Александар ѝ покажа на јавноста дека сè може да се научи ако се сака и ако се работи со љубов. И за оваа недела тој и Марина подготвуваат изненадување за гледачите на шоуто кои можат да гласаат за нив со испраќање смс со содржина 01 на бројот 14799 од било кој мобилен оператор. Шоуто се емитува секој петок и сабота на МТВ1 во 20.45 часот.

 



Врати се горе ↑