Балкан Daniel-Aleksa-i-Lukijan

21 февруари, 2014

Алекса Перовиќ напишал песна за Даниел Кајмакоски

Познато е дека финалистите од првото издание на регионалниот X Factor се доста талентирани, а шармантниот Алекса Перовиќ покрај тоа што умее одлично да пее, добро се снаоѓал и во пишување песни. Како што пренесуваат српските медиуми, Перовиќ за време на едно негово гостување изјавил дека напишал песна за нашиот претставник Даниел Кајмакоски.

Даниел сака да сними песна на српски јазик, ми даде матрица и пред неколку дена напишав скоро цел текст за песната. Му навестив дека наскоро ќе има песна и тој едвај чека да ја слушне… Прекрасно е тоа што се дружиме и што точно знам дека на Лукијан, Даниел, Харис и Илма можам да им се обратам за совет и помош во секое време. Сите натпреварувачи ги сметам за пријатели, нема збор за конкуренција бидејќи натпреварот ќе трае уште само еден месец, а потоа сите со заеднички сили ќе се бориме за нашите кариери. Исто така веќе имаме и заеднички навивачи и поддршка која на сите ни значи и ни помага да истраеме и да ја работиме работата која ја сакаме.“изјавил Перовиќ.



Врати се горе ↑