3 октомври, 2014

Алекса Перовиќ го претстави својот прв видео запис

Момчето кое се прослави со учеството во првото издание на регионалниот музички натпревар „Х Фактор“, Aлекса Перовиќ деновиве ја претстави својата прва песна насловена „Нећу да се заљубим“чии автори се Душан Мандиќ (музика и текст), Милан Поповиќ (текст) и Марко Дрезњак (аранжман). Иако шармантниот пејач веднаш ги освои симпатиите на публиката, новата песна наиде на критики од слушателите кои велат дека очекувале нешто свежо и оригинално, но се малку разочарани што музиката потсетува на стилот на Саша Ковачевиќ. Дали и Вие ќе го добиете истиот впечаток, ќе дознаете ако видите како изгледа и звучи сето тоа горе.



Врати се горе ↑