Видео

22 јуни, 2019

Алекс Сензејшн, Анита и Луис Фонси имаат нов летен хит со „Pa’ Lante“

Латино-звукот се чини дека ќе доминира и ова лето, а главните виновници сигурно дека се музичките ѕвезди од Централна и Јужна Америка. Најновиот во низата летни хитови за годинава е дело на колумбискиот диџеј и продуцент Алекс Сензејшн, сè попопуларната бразилска дива Анита и порториканската ѕвезда Луис Фонси, чиј хит „Despacito“ ја одбележа 2017 година.

Станува збор за темата насловена „Pa’ Lante“, дополнета со заразен ритам и летно видео снимено во Мајами, следејќи го рецептот за летен хит што сигурно ќе се слуша на секоја забава на плажа или покрај базен, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑