Свет michael_jackson_net_worth

12 ноември, 2012

Алчното семејство на Мајкл Џексон сè уште го бара неговото богатство

Бројното семејство на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, таткото Џо, браќата Џејмејн, Џеки, Марлон и Тито, кои своевремено ја сочинуваа групата Џексон 5, и сестрите Џенет и Латоја, целиот живот профитирале од неговиот талент и слава, тој ги издржувал и им помагал, но тоа не им било доволно. Кога се решил да им помогне на финансиски план, тие го прогонувале барајќи му уште, а по неговата смрт продолжуваат да готват завери за да стигнат до неговите милиони.

Неколку часа по смртта на Мајкл, женските членови на семејството, мајката и сестрите, веднаш ја окупирале куќата во која тогаш живеел и во големи вреќи и комбиња ги изнеле парите и сè што е вредно. Во тоа особено се истакнала Латоја заедно со нејзиното момче Џејми Филипс.

Имотот на Мајкл е проценет на една до две милијарди долари, а тој во тестаментот навел дел од тоа да биде уплатен во хуманитарни цели,  додека со остатокот ги обезбедил неговите три деца Принс, Парис и Бленкет, како и мајката на Мајкл – Кетрин, која им е одредена за старател, а по нејзнината смрт и нејзниот дел ќе им припадне ним.

До полнолетството на децата и смртта на нивната мајка, со средствата управува одбор од правници и луѓе од доверба кои Мајкл ги одредил, а татко му, браќата и сестрите кои цел живот го погонувале со нивните бескрајни барања, го бламирале и критикувале во јавноста и му го загорчувале животот, Мајкл ги оставил без ништо.

Меѓутоа, бројното семејство никако не се помирило со таа ситуација, туку продолжило со планови некако да стигнат до неговото богатство.

Врз Кетрин (82) без престанување се вршел притисок правно да го оспори тестаментот, кој некои од нив јавно го окарактеризирале како „лажен, фалсификуван и измамнички“, а на 14-ти јули оваа година, без знаење на внуците, ја намамиле на „одмор“ во една бања во Тусон, Аризона, каде што имале намера да ја искористат и да ја прогласат за правно неспособна, потоа да го преземат старателството на децата и што е најважно, на парите на Мајкл.

Додека баба им била отсутна, остатокот од кланот Џексонови отишле на имотот каде што живеат децата и по размената на нежности, почнале да инсистираат Парис и Принс да заминат со нив, но бидејќи тие не сакале, обезбедувањето и полицијата интервенирале за да ја средат ситуацијата.

„Мораш да го сакаш семејството“ – прокоментирала Парис на нејзиниот Твитер профил, набрзо по непријатната случка.

Мајката на Мајкл, Кетрин на 26-ти јули се вратила дома и сè среќно завршило, но по овој глупав обид на превземање контрола семејството Џексон останало разединето како никогаш до тогаш. Кетрин која секогаш се трудела да делува смирувачки и да ја спаси семејната слога, го направила и последниот обид: покрај криптата на Мајкл во Форест Лоун гробиштата, таа купила уште 11 гробни места, со надеж дека семејството барем во смртта мирно ќе почива околу нивниот најталентиран член.

Извор: blic.rs



Врати се горе ↑