Свет article_big_1426842893rihanna_5

8 мај, 2015

Албумот на Ријана сепак на „Тајдл“?

Веќе извесно време кружат гласини дека новиот албум на Ријана, привремено насловен „R8“, ќе биде објавен ексклузивно на „Тајдл“. Меѓутоа, пејачката неодамна ги замолчи сите кога на Твитер напиша „Лаги!“, објавувајќи линк од прилог во кој тврди дека „Тајдл“ е поддршка на нејзината музика.

Но сепак, судејќи според некои информации, стратегијата на „Тајдл“ е да има ексклузивни договори со изведувачите, а која е поентата на тоа ако не ја искористат таа предност? Новиот албум на Ријана секако веќе долго време е одложуван, што може поволно да влијае на продажбата. Останува да се види дали нејзиното име ќе биде доволно за успех.

Нејзиниот нов сингл „American Oxygen“ беше премиерно прикажан на „Тајдл“, но во моментов е во голем пад со само 7.000 продадени примероци минатата недела.

 



Врати се горе ↑