Македонија Четкар, Шибија Токио 2

25 декември, 2013

Албумот на Четкар прогласен за ремек-дело во Јапонија

Од тимот на нашиот светски познат џез музичар јавуваат дека Владимир Четкар го направи можеби најголемиот чекор напред во неговата кариера со тоа што неодамна потпиша ексклузивен договор за дистрибуција и промоција во Јапонија. Новиот албум на Четкар „Heavenly“ заедно со материјалите од претходниот албум „We will never end“ се најде како ексклузивно јапонско издание во сите големи и мали продавници ширум Јапонија.

Фотографиите кои можете да ги видите во прилог се од продавниците Tower Records во Шинџуку и Шибија, двете најголеми музички продавници во Токио! Медиумите во Јапонија меѓу кои и најпопуларната радио станица Inter FM 76.1 TOKYO албумот „Heavenly“ едногласно го прогласија за ремек-дело и се најде како број 1 препорачан избор на станиците за слушање низ продавниците што е вистинска реткост и привилегија бидејќи станува збор за јапонскиот пазар кој заедно со американскиот се двата најголеми музички пазари во светот.

Пред само неколку дена светски прочуениот француски диџеј и продуцент Димитри Фром Париз во своето ексклузивно интервју за Inter FM 76.1 TOKYO лично ги промовираше новите материјали на Четкар. Покрај физичката дистрибуција албумот „Heavenly“ се продава и дигитално преку јапонските iTunes, eBay, Amazon и сите други позначајни дигитални продавници во Јапонија.

Колку за Владимир Четкар толку и за Македонија и Охрид ова е една прекрасна вест и огромна позитивна промоција. Наскоро за новогодишните празници Четкар ќе го промовира својот видео запис за „Heavenly“  каде како гостин се појавува и Димитри Фром Париз.

 

 

 

 



Врати се горе ↑