Македонија klaus02

7 август, 2014

Албум на Владимир Четкар – подарок од претседателот Иванов за поранешниот чешки претседател Клаус

Претседателот Ѓорѓе Иванов, за време на својата последна посета на Прага, се сретна со поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, на кој му го подари албумот „Heavenly“ од македонскиот џез-музичар Владимир Четкар. Двајцата претседатели, како љубители на џез-музиката, во август минатата година присуствуваа на настап на Владимир Четкар во Охрид, по отворањето на четвртата Школа за млади лидери, на која поранешниот чешки претседател одржа предавање. За возврат, претседателот Иванов доби џез-колекција, избор на поранешниот чешки претседател Клаус, направена по повод неговиот 70-ти роденден.



Врати се горе ↑