Балкан elhaida-dani-ep-620x350

24 февруари, 2015

Албанија ја повлече песната за „Евровизија“?

Елајда Дани (Elhaida Dani) во декември минатата година победи на албанскиот „Festivali i Këngës“но за жал победничката балада „Diell“ ќе биде повлечена од „Евровизија“. Имено, 21-годишната пејачка, која се прослави со учества на неколку фестивали во Албанија и победи во првата сезона на италијанската верзија на „Гласот“ (The Voice) во 2013 година, вчера соопшти дека во Виена ќе се претстави со сосема нова песна.

„Знам само дека ќе ја претставувам Албанија на Евровизија со друга песна, а не со онаа со којашто победив во декември. Веста ќе биде објавена наскоро, но сакав да Ви ја соопштам јас. Авторот на ’Diell’ одлучи од лични причини неповратно да ја повлече песната, така што нема да биде изведена за време на Изборот за песна на Евровизија. 

Почитувајќи ја неговата ненадејна лична одлука, и со согласност на Радио Телевизија Албанија и регулативите на Евровизија, беше одлучено дека јас, како победник на ’Festivali i Këngës’, ќе ја претставувам нашата земја во Виена со сосема нова песна. Се надевам дека овој проблем нема да предизвика никаква штета и контроверзија. Нашата заедничка цел останува иста – Албанија да постигне добар резултат во Виена и ќе дадeме сè од себе за да го постигнеме тоа“, соопшти пејачката на Фејсбук.

И ние се надеваме дека оваа ситуација нема да влијае на пласманот и успехот на нашиот западен сосед и им посакуваме многу среќа на натпреварот. Додека ја очекуваме новата песна, уживајте уште еднаш со прекрасната „Diell“, дело на Алдо Шлаку (музика), Виола Требицка и Сокол Марси (текст),

 



Врати се горе ↑