Балкан 2AdrianLulgjurajBledarSejko

24 декември, 2012

Албанија ги избра претставниците за Евросонг 2013

Следната година во Малме, на Евровизија 2013, нашиот сосед Албанија ќе ја претстават Адриан Лулѓурај и Бледар Сејко со баладата „Идентитет“. Песната е избрана на 51-виот фестивал организиран од државната радио телевизија во Конгресната палата во Тирана, а фестивалот се одржуваше во две фестивалски вечери. Во првата полуфинална вечер беа изведени 26 композиции, а 17 од нив беа повторно претставени на големото финале кое се одржа синоќа, на кое со максимални бодови од пет члена од седумчленото жири победи гореспоменатата композиција.

Според бројот на гласовите, втора по ред беше композицијата „Љубов“ од Ањеза Шахини, која во 2004 година го освои четвртото место на Евровизија.  Според некои албански интернет страници, победничката песна е плагијат на „Плави сафир“ од Бајага и интруктори, снимена во 1988 година. Во продолжение слушнете ја „Идентитет“, па проценете сами дали се работи за плагијат. Како и да е, им посакуваме среќа и успех во Малме.

 

 



Врати се горе ↑