Свет alanis_morissette

11 ноември, 2013

Аланис Морисет ќе го претвори „Jagged Little Pill“ во мјузикл

Познатата канадска музичарка Аланис Морисет својот албум „Jagged Little Pill“ од 1995 година одлучила да го претвори во бродвејски мјузикл во кој ќе бидат вклучени сите песни од овој албум, како и некои други песни од нејзината кариера заедно со неколку нови композиции кои ќе ги направи специјално за оваа претстава, пренесува магазинот Ролинг Стоун. Том Кит, кој работел на мјузиклот „American Idiot“ (работен според песните од истоимениот албум на Грин Деј) и е добитник на наградите „Тони“ и „Пулицер“, ќе обезбеди аранжмани и оркестар за ова остварување, а бродвејскиот ветеран Вивек Џеј Тивари ќе го продуцира овој мјузикл заедно со Арвинд Итан Дејвид. Ова дело би требало да дебитира како пробен модел за следната година.

Албумот „Jagged Little Pill“ е продаден во преку 33 милиони примероци ширум светот, а дебитираше на првото место на Билборд 200 листата на албуми. За ова издание Морисет освои и Греми награда, а до ден денес е најпродаван деби албум на еден изведувач во САД, како и најпродаван албум за деведесеттите години. Во продолжение уживајте со познатиот хит од ова издание, темата „Ironic“.

 



Врати се горе ↑