Настани

8 февруари, 2018

Алан Вокер на „Скопје колинг 2018“

Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на „Авалон продукција“ и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, се одлучивме оваа година фестивалот „Скопје колинг“ да трае два викенда, соопштија од продукцијата и со огромно задоволство ја најавуваат главната ѕвезда на првиот викенд од фестивалот – Алан Вокер (Alan Walker), кој ќе настапи на стадионот на АРМ на 2 јуни.

Иако има само 20 години, Вокер е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на Јутјуб, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги оборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ-листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји.

 

За оваа година, Вокер најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот „Скопје колинг 2018“! Влезниците по цена од 1.000 ден ПАРТЕР и 1.500 денари ФАН ПИТ ќе бидат во продажба од утре, 9 февруари.

Од „Авалон“ додаваат и дека наскоро можеме да очекуваме многу ексклузивни објави во рамките на проектот „25 години Авалон продукција“.



Врати се горе ↑