Видео

14 септември, 2016

„Аква“ слави 20 години од објавувањето на „Barbie Girl“

Можете ли да верувате дека поминаа речиси 20 години откако данската група „Аква“ нè развесели со синглот „Barbie Girl“? Ако не сте биле ни родени во тоа време, знајте дека тогаш баш секој ги знаеше стиховите на таа песна, без оглед дали им се допаѓала или ги нервирала.

Во далечната 1997 година, песната се најде на првото место во Велика Британија и на седмото во САД, а албумот „Aquarium“ беше продаден во 14 милиони примероци ширум светот. Следниот албум „Аquarius“ не доживеа толкав успех, па се најде на, и понатаму високото, седмо место во Велика Британија.

jprkxhecvi6a1qhzm7yw-13467

 

Бендот се распадна во 2001 година, но повторно се обедини во 2008, а следната година ја објавија компилацијата „Greatest Hits“. Но, тоа не е сè! Во 2011 година излезе и нивниот трет студиски албум „Megalomaniac“, кој беше вистински хит во Данска.

Токму Данците најмногу ќе се радуваат на веста дека следната година „Аква“ планира голема турнеја низ родната земја, во чии рамки ќе го прослави 20. роденден на својот најпознат хит „Barbie Girl“.



Врати се горе ↑