Настани ImageProxy

1 јули, 2014

„Аква Парк Фестивал“ продолжува и оваа година

АКВА ПАРК ФЕСТИВАЛ, големиот музички настан кој своето премиерно и исклучително успешно издание го имаше минатата година во Пробиштип, оваа година, на наше особено задоволство и на радост на сите оние кои го запаметија како едно од најпозитивните музички доживувања кај нас, го подготвува своето второ издание. Спектакуларното дводневно доживување оваа година ќе се одржи на 28 и 29 август, на истата локација Аква Паркот во Пробиштип и тоа со уште попозитивно, поуспешно и повесело издание на АКВА ПАРК ФЕСТИВАЛ 2014.

Со првото издание ја отворивме летната фестивалска сезона, а годинава подготвени сме заедно да го одбележиме летото 2014 на најдобар начин и со најдобрите спомени од забавата која ја подготвува Аква Парк фестивалот. Со само првото свое издание овој настан се наметна како омилен кај публиката која нестрпливо го очекува продолжението на неверојатно позитивната атмосфера, незаборавните концерти на десетици изведувачи, уживањето во водените лудории на Аква паркот и дводневното другарување со илјадниците посетители во кампот сместен во преубавото природно опкружување во подножјето на Осоговските планини.

Сите оние кои лани беа дел од овој настан, веќе добро знаат зошто АКВА ПАРК ФЕСТИВАЛ е посебено доживување од повеќе аспекти. Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат несомнено водечките музички имиња кај нас, а фестивалот ќе биде домаќин и на докажани артисти од регионот и повеќе светски музички ѕвезди. За време на двата фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат 24/7 во музичката програма која ќе биде презентирана на повеќе фестивалски сцени, од страна на повеќе од 20 артисти.

Но, Аква Парк Фест претставува многу повеќе од само добра музика.

И оваа година во програмата се вклучени и кино проекции, арт инсталации, работилници, а низ разни активности ќе понуди и можност да научите подобро да се грижите за природата.

На Аква Парк Фест, посетителите ќе можат бесплатно да уживаат и во водените атракции, базени и тобогани на Аква Паркот, а ќе биде овозможен и бесплатен интернет за сите посетители.

Првото издание на АКВА ПАРК ФЕСТИВАЛ привлече повеќе од 15 000 млади луѓе, кои со својата позитивна енергија создадоа одлична атмосфера од која понесовме незаборавни спомени. На 28 и 29 август 2014 го продолжуваме спектакуларното дводневно доживување и нестрпливи сме повторно да ја почувствуваме атмосферата на љубов, среќа, другарување, музика и одлична забава, која го исполнува просторот на овој музички фестивал.

Наскоро ќе бидат објавени деталите од програмата за годинашното издание на фестивалот, а подгответе се и за почетокот на продажбата на првите промотивни влезници кои ќе можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс.



Врати се горе ↑