Настани ImageProxy

17 мај, 2013

Аква Парк Фест: Одбројувањето започна!

На 24-ти и 25-ти мај, на просторот на Аква паркот во Пробиштип ве очекува првото издание на музичкиот фестивал АКВА ПАРК ФЕСТ, со музичка програма која ви гарантира дека ова ќе биде настан кој долго ќе го паметите.

Исклучителна ноќ за љубителите на врвната електронска музика на Аква Парк Фест ќе биде настапот на еден од најзначајните луѓе во историјата на електронската денс музика PAUL VAN DYK, кој само за своите фанови во Македонија испрати видео поздрав најавувајќи го спектакуларното затворање на фестивалот.

 

Со следното видеото пак, за публиката на Аква Парк Фест подеднакво експлозивен настап ветува и MARK KNIGHT, британскиот диџеј и автор на некои од најголемите хитови во последните 10 години, кој настапува на првиот ден од Аква Парк Фест.

 

Покрај Paul Van Dyk и Mark Knight, од музичката програма потврдени се и настапите на КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO, СУПЕРХИКС, ФОЛТИН, BERNAYS PROPAGANDA, S.A.R.S., Smut, Foolish Green, Conquering Lion, Сашко Костов & TWW, Iceberg & Lephonq, Flooder, Rootboy, Цобе&Стефано, New Sound Band, Ghetto Rudi, Branchez, No End, Прв Ред, Skullcrush, Skyrise и Anna O.

Уште два дена за earlybird влезниците за Аква Парк Фест

Само неколку дена нѐ делат од фуриозното фестивалско искуство кое нѐ очекува на првото издание на Аква Парк Фест, а сите оние кои сѐ уште не ги набавиле своите влезници ги потсетуваме дека имаат уште два дена да го сторат тоа, бидејќи веќе од понеделник (20. мај 2013) стартува продажбата со нова цена. Во моментов останати се уште мал број од earlybird влезниците кои се продаваат по специјална промотивна цена од 400 денари за еднодневните и 600 денари за дводневните влезници, кои пак од понеделник ќе чинат 500 и 700 денари, соодветно на типот на влезници.

Но и за овие влезници ќе треба да бидете брзи, бидејќи билетите кои ќе се продаваат за време на одржувањето на фестивалот, 24 и 25 мај, на влезот на АКВА ПАРК ФЕСТ ќе бидат достапни со полна цена од 600 и 900 денари. Влезниците за фестивалот воедно вклучуваат и бесплатен камп простор и бесплатно користење на Аква паркот и водените атракции за денот за кој ја купувате влезницата.

Билетите во претпродажба можат да се купат во продажните салони на One низ Македонија, продажните салони на Office Plus и продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, ГТЦ – Скопје).

 

Не заборавајте дека за Аква Парк Фест организиран е и автобуски превоз на релација Скопје – Аква Парк Фест (Пробиштип) – Скопје, кој чини 450 денари. Поаѓањето на автобусите од Скопје за Пробиштип ќе биде во петок, 24 мај во 10:00 часот од С.Ц. „Борис Трајковски“, а враќањето во недела, 26 мај од 10:00 до 12:00 часот.

Билетите за автобускиот превоз се достапни во продажните места на „Македонија сообраќај“:

– на меѓуградска автобуска станица во Скопје – во туристичката агенција на „Македонија сообраќај“

– во ТЦ. Соравија

– дирекција позади Соборен храм „Св. Климент Охридски“.

 

Со Аква Парк Фест воедно ќе биде означен и стартот на новата сезона на првиот Аква Парк во Македонија, во чии различни водени атракции први годинава ќе имаат можност да уживаат посетителите на фестивалот. На целодневните журки на АКВА ПАРК ФЕСТ ве очекува најуникатното фестивалско искуство годинава со кое сензационално ќе го започнеме најдобро лето до сега.



Врати се горе ↑