Настани ImageProxy (2)

8 април, 2013

Аква Парк Фест објавува конкурс‏

Аква Парк Фест покрај хедлајнерите кои ќе ги претстави музичката програма, објавува и конкурс со кој им нуди шанса и на демо бендовите да се претстават на првото издание на фестивалот.

Освен веќе афирмираните музички имиња, во рамиките на своите фестивалски акции и иницијативата за поттик на развојот на свежата домашна сцена која ја чувствуваме како своевиден загрозен музички вид, одлучивме да ја активираме и афирмираме младата македонска музичка сцена, организирајќи конкурс токму за „гаражните“ бендови кои ќе настапат на фестивалот.

По тој повод, ги покануваме сите неафирмирани македонски бендови кои свират авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа да се пријават на овој конкурс и да ја искористат можноста да ја почувствуваат фестивалскат атмосфера и настапот пред бројна публика.

За учество на овој конкурс, сите бендови кои се пријавуваат, потребно е да испратат две авторски песни (во било кој аудио формат), кратка биографија на бендот и фотографија од бендот .

На бендовите кои ќе бидат селектирани на овој конкурс, Аква Парк Фест им овозможува:

– Настап на една од фестивалските бини,

– Покриени патни трошоци,

– Дополнителни гратис влезници за секој од членовите во селектираните бендови,

– Бесплатно камп место на фестивалот.

Аква Парк Фест годинава го претставува своето прво издание на 24-ти и 25-ти мај во Пробиштип и тоа како open-air издание на својот постар „ментор“, 15-годишниот Таксират, а воедно одбележувајќи и повеќе различни јубилеи на работата посветена на промовирање и анимирање на музичката сцена. Посебен сегмент во овој музички активизам е и овој демо конкурс, на кој бендовите ќе можат да се пријават најдоцна до 24-ти априлСите заинтересирани бендови можат да се пријават на конкурсот за настап на Аква Парк Фест на следнава и-мејл адреса: info@password.mk .

Во меѓувреме очекувајте ги и имињата на локалните, регионалните, но и светските музички ѕвезди кои ќе го одбележат овој фестивал. Аква Парк Фест како ново фестивалско одредиште на  илајдници насмевнати луѓе од сите возрасти ве очекува на 24-ти и 25-ти мај.

Влезниците за Аква Парк Фест ќе бидат достапни во продажба од 10 април, по промотивна цена од 700 денари за фестивалска влезница и 400 денари за дневна влезница, во кои е вклучен бесплатен камп простор на фестивалот и бесплатна влезница на Аква Паркот и користење на сите водени атракции кои тој ги нуди. Промотивните билети ќе се продаваат во ограничен број.

Картите за фестивалот ќе можат да се купат во продажните салони на One, Office Plus и продажната мрежа на МКтикетс. Сите новости за фестивалот ќе бидат објавувани и на веб страницата на фестивалот www.aquaparkfest.com , но и на Аква Парк Фест линковите од социјалните мрежи: www.facebook.com/aquapark.fest и twitter.com/aquaparkfest .



Врати се горе ↑