6 април, 2014

„Акустико бенд“ со преработка на „Љуљај ме нежно“ од Оливер Мандиќ

По одличната преработка на „Otherside од „Ред хот чили пеперс“, „Акустико Бенд“ (aQstico Band) овој пат реши да направи своја верзија на еден постар хит од нашите простори. Станува збор за темата „Љуљај ме нежно“, која во далечната 1978 година беше првиот сингл со кој Оливер Мандиќ ја започна својата соло кариера. За оваа преработка „Акустико бенд“ ги здружи силите со Андријана Јаневска, која се јавува како придружен вокал, а како звучи сето тоа можете да слушнете горе.



Врати се горе ↑