Видео

25 јули, 2019

„Акустик дивижн“ го преработија Лозано

Акустичниот поп-рок состав „Акустик дивижн“ (Acoustic Division) деновиве го промовира видеото за својата најнова преработка на летниот хит од Лозано, „Јако, јако“, како најава за интересен проект што ќе опфати повеќе македонски хитови во акустична варијанта.

Освен преработките на песни од други изведувачи, Бојан Галевски (гитара), Коста Бинов (вокал) и Марио Кузев (кахон) ветија дека до крајот на септември ќе ја престават и својата втора авторска песна, која доаѓа три години по првенчето „Без тебе и ќе го најави нивниот прв албум, а во октомври ќе дебитираат и на „Макфест“.

Како звучи и изгледа акустичната верзија на хитот „Јако, јако“ во изведба на „Акустичната дивизија“, дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Репортер



Врати се горе ↑