4 јули, 2013

Акустично лудило: Македонска преработка на хитот „Get Lucky“

Како и сите големи хитови, така и актуелниот сингл „Get Lucky“ од Дафт Панк доби бројни преработки од разни изведувачи ширум светот. Овој пат, благодарение на македонската група Acoustic Madness, можете да слушнете и една акустична верзија на „Get Lucky“.

Акустик Меднес е група која е базирана во источниот дел од Македонија (Кочани, Штип, Виница), составена од Славица Стојанова (вокал), Борислав Веселинов (саксофон), Дејан Алексовски (гитара) и Зоран Павлов (гитара). Сите членови од бендот меѓусебно соработувале уште од средношколските клупи и во текот на универзитетското образование, а Акустик Меднес како група е оформена кон средината на 2012 година. Музиката е секојдневие во нивните животи што го потврдува нивното средно и високо музичко образование. Сите членови во групата се студенти на џез отсекот на Музичката Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија.

Покрај „Get Lucky“, позади себе веќе имаат 3 преработки на хитовите „We Found Love“ од Ријана, „Locked Out of Heaven“ од Бруно Марс и „Најбоља песна“ од СевдаБејби. Истите можете да ги преслушате на  YouTube.



Врати се горе ↑