Видео

20 февруари, 2018

Акустична верзија на „Пеколот“ на Теа

Младата и талентирана пејачка Теодора Трајковска, или само Теа, претстави акустична верзија од својот актуелен хит „Пекол“, кој го објави во октомври минатата година, како и за сосема првата песна во нејзината кариера, баладата „Ми треба малку време“.

И двете песни се авторски дела на братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, а за одличните акустични изведби Теа ја придружуваа колегите Неврус Бајрам на гитара и Дејан Митровиќ на бас-гитара, сето тоа снимено од страна на Нино Спиркоски.

 



Врати се горе ↑