Свет 632519

12 јуни, 2013

Актуелниот сингл на Мајли Сајрус бил напишан за Ријана

Новиот сингл со кој деновиве е актуелна Мајли Сајруспесната „We Can’t Stop“ првобитно била напишана за Ријана. Продуцентот Мајк Вил Мејд Ит за MTV News изјавил дека иако песната станала популарна во изведба на Мајли Сајрус, додека ја пишувал на ум имал друга поп принцеза: „Идејата ми беше тоа да биде песна за Ријана. Но тогаш таа ја слушна песната „Pour It Up“ (од албумот „Unopologetic“) и веднаш се одлучи за неа. Не ја ни слушна „We Can’t Stop“.

Откако сфатил дека РиРи нема да ја сними оваа песна, Мајк помислил дека „We Can’t Stop“ би можела да биде одлична за новото поглавје во кариерата на Мајли. Откако нејзиниот тим ја преслушал песната, поранешната Дизни ѕвезда ја прифатила песната и веднаш ја снимила, обојувајќи ја со својот стил.

Сајрус неодамна ја коментирала оваа песна велејќи: „Како што кажува и самата песна, можеме да бидеме вљубени во кој сакаме. Се чувствувам слободно. Секако дека сакам мојата музика да им се допадне на моите фанови, но всушност правам музика која и самата ја сакам. Правам музика бидејќи тоа го сакам и во тој процес вложувам многу енергија. Сакам оваа песна да биде најголема на светот.“

 



Врати се горе ↑